четврток, 13 август 2009

Магат е запознат со интересот на Јунајтед за Мануел Ноер:


23 годишниот Ноер важи за еден од најнадежните голмани во Европа и веќе се избори за место во сениорскиот тим на Германија.

Тој е дел од првиот состав на Шалке во изминатите три години и сега е целосно естаблиран како голман број 1 на клубот.

Големиот број на импресивни настапи за време на неговиот престој на Велтинс Арената го привлекоа вниманието на голем број гиганти ширум Европа а последен клуб кој пројави интерес е шампионот на Англија, Манчестер Јунајтед.

Тренерот на Шалке, Феликс Магат не сака да говори околу можно заминување на младиот голман но признава дека е запознаен со интересот на Јунајтед.

“Слушнав дека Манчестер Јунајтед се заинтересирани да го ангажираат Мануел Ноер.” – рече Магат за Die Weit.

“Но се додека ние не добиме конкретна понуда, нема да говорам повеќе на оваа тема.”

Исто така ова лето и гигантот од Бундеслигата, Барен Минхен затропа на вратата на Шалке и се обиде да го ангажира Ноер.

Магат ја одби понудата на Баварците но се верува дека Сер Алекс Фергусон е подготвен да плати повеќе отколку Баерн.

0 коментари: