среда, 5 август 2009

Ван дер Сар осум недели надвор од теренот:


Голманот на Манчестер Јунајтед мораше да направи операција откако скрши коска на неговата лева рака.

38-годишниот голман повредата ја заработи на дуелот од Ауди Купот против Баерн Минхен во Германија.

Според најавите рехабилитацијата ќе трае околу осум недели па тој нема да може да му помогне на Јунајтед од самиот старт на сезоната.

Бен Фостер и Томас Кушчак ќе се борат за место во стартниот тим.

0 коментари: