сабота, 8 август 2009

Фергусон очекува многу голови од Руни:


Одговорноста на Руни ќе биде поголема по заминувањето на Роналдо кој беше највлијателниот фудбалер во Јунајтед.

Фергусон потврди дека Руни ќе биде централен напаѓач и верува дека тој ќе постигне многу погодоци.

"Не мислам дека одговорноста да постигне повеќе голови ќе има ефект врз Вејн Руни" - смета Сер Алекс Фергусон.

"Тој има ментална сила да се справи со тоа. Го има докажано тоа".

"Руни ќе игра како централен напаѓач оваа сезона".

"Минатата сезона мислам дека постигна седум гола во серија во еден период, но доколку тоа може да го прави поконстантно ќе постигне повеќе од 25 гола".

"Но Вејн е тотално поразличен играч од Роналдо".

"Не мислам дека може да се споредуваат тие двајца, тие се многу различни фудбалери" - заврши Ферги.

0 коментари: