Манчестер Јунајтед го претстави својот нов тим на Олд Трафорд со победата на Валенсија пред полн стадион.
Последната проверка пред почетокот на сезоната, Манчестер Јунајтед ја искористи за да ги претстави овогодинешните засилувања пред полниот Олд Трафорд. Противник им беше Валенсија, а Јунајтед покажа дека со заминувањето на Роналдо и Тевез ќе го промени стилот на игра.
Фергусон од стартот извади тим без неколку првотимци, но со две од трите летни засилувања. Валенсија и Овен почнаа, баш како и српскиот репрезентативец Зоран Тошиќ и Де Лает кои пристигнаја минатиот Јануари, но полусезоната ја поминаа меѓу резервите. Третото засилување Обертан не играше поради повреда. Овен и Руни на овај меч за прв пат играа во тандем од почетокот на припремите, а Овен во првото полувреме прилично се изнапромашува.
Одлуката околу победникот падна во второто полувреме. Поранешниот играч на Виган, Антонио Валенсија најпрвин му намести погодок на Руни, а потоа на младиот Клеверли и така покажа дека Роналдо би можел да биде брзо заборавен на Олд Трафорд.
четврток, 6 август 2009
Јунајтед со победа над Валенсија:
Објавено од goodlife_filipsis во 10:09
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
0 коментари:
Објави коментар