Менаџерот на Манчестер Јунајтед сер Алекс Фергусон призна дека доколку Роналдињо ја прифатил понудата на "црвените ѓаволи", тогаш Кристијано Роналдо нема да бил нивни играч.
"Мислев дека постигнавме договор, меѓутоа кога заминав во Париз на разговор со Роналдињо, вратите се затворија. Неговите луѓе се пожалија дека договорот не е оној за кој што претходно разговаравме. Следното нешто на кое се сеќавам е дека веќе истиот ден тој беше во Барселона. Во тие моменти бевме многу разочарани, но истото лето потпишавме со Кристијано Роналдо, што немаше да го сториме ако дојдеше Роналдињо. Сега кога тој замина можам да кажам дека ќе ни недостасуваат неговите голови, но ќе ги пронајдеме во поинаква тактика", ја заврши Фергусон приказната за својот поранешен играч кој се пресели во Реал Мадрид за рекордни 94 милиони евра.
петок, 14 август 2009
Роналдо наместо Роналдињо:
Објавено од goodlife_filipsis во 10:12
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
0 коментари:
Објави коментар