Џон Тери изјави дека новиот играч на Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен е "ноќен кошмар" за Челзи.
Тери со пофални зборови го охрабри Мајкл Овен кој премина во Манчестер Јунајтед ова лето.
"Сигурен сум дека играњето за Манчсетер Јунајтед и тренирањето со играчите на Јунајтед секој ден, ќе му ја врати неговата самодоверба да постигнува погодоци. Морам да кажам дека ќе биде ноќен кошмар за мене како играч на Челзи затоа што сакам да ја освоиме Премиерлигата и да ја запреме доминацијата на Манчестер Јунајтед."
"Тој одигра само 12 или 13 минути против нас на мечот од Комјунити Шилд и покажа дека може да биде доста опасен."
"Сите ние знаеме колку може да биде опасен, знаеме дека работи многу на секој тренинг и дека поседува огромен квалитет. Дали ќе може да игра на Светското Првенство? 100% да.
"Мислам дека селекторот кажа дека има место за секого во тимот, не само за Мајкл, ако игра и постигнува погодоци."
"Селекторот нема да го одбие некого ако игра добро и постигнува погодоци." - заврши Тери.
среда, 12 август 2009
Тери: Овен е ноќниот кошмар на Челзи:
Објавено од goodlife_filipsis во 19:00
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
0 коментари:
Објави коментар