Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс фергусон го гледа 17-годишниот Федерико Македа како стартер во новата сезона од Премиер Лигата.
Манчестер Јунајтед секогаш знае како со младите играчи. Многу млади играчи поминале низ палката на Фергусон, а потоа станале големи звезди. Се очекува нешто слично да биде и со младиот тинејџер, Федерико Македа. Македа блесна во дресот на Манчестер Јунајтед уште од неговиот прв меч, каде со неговиот погодк во 92-та минута, Манчестер Јунајтед славеше со 3:2 против Астон Вила.
"Ќе ми зададе вистински проблеми." - вели Фергусон.
"Имам големи очекувања од него. За негови години, тој е врвен, врвен фудбалер."
Многумина очекуваа Фергусон да купи уште еден играч за во нападот покрај Бербатов,Руни и Овен, но Фергусон е уверен дека нема потреба за тоа.
"Македа ќе одигра важни натпревари оваа сезона. Некогаш ќе биде и стартер. Зашто да купувам друг напаѓач, кога тука ми се Кико (Македа) и Дени (Велбек)." - заврши Ферги.
сабота, 8 август 2009
Ферги гледа голема иднина во Македа:
Објавено од goodlife_filipsis во 19:07
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
0 коментари:
Објави коментар