Давид Виља беше импресиониран од фантастичната атмосфера на Олд Трафорд во текот на пријателскиот меч на неговата Валенсија против домаќинот Манчестер Јунајтед.
Валенсија загуби со 2:0, но Виља беше импресиониран од атмосферата која ја создадоа фановите на Јунајтед.
"Во првиот дел, Валенија започна многу добро, но во вториот дел бевме надиграчни од силниот противник." - вели Виља.
"Задоволен сум што започнав да играм за Валенсија во подготовките за наредната сезона. Ова ми беа првите минути во новата сезона. Ова беше исто така како официјален меч и ние ќе продолжиме со работа."
Запрашан за атмосферата на Олд Трафорд, Виља одговори:
"Атмосферата на Олд Трафорд? Не треба да се прашува. Фановите низ целиот меч го подржуваа тимот иако тоа беше пријателски меч. Атмосферата беше фантастична. Ова не значи дека ги критикувам фановите на Валенсија, но Олд Трафорд е посебно место и драго ми е што настапив во него."
четврток, 6 август 2009
Виља: Посебно е да се игра на Олд Трафорд:
Објавено од goodlife_filipsis во 20:11
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
0 коментари:
Објави коментар