вторник, 15 септември 2009

Муслера на местото на Ван Дер Сар?

Според неколку италјански медиуми, Манчестер Јунајтед го следи младиот перспективен голман на Лацио, Фернандо МУслера.Image
Голманот на Лацио се смета за првиот кандидат кој треба да го замени Ван Дер Сар на голот на „црвените ѓаволи“, бидејќи менаџерот на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон планира додатно да ја засили таа позиција.

Според неслужбени информации од Олд Трафорд, Алекс Фергусон веќе разговарал со челниците на Лацио за можноста за трансфер на овој 23-годишен Уругваец. Веста исто така се појави и на италјанскиот веб сајт „Sportal.it“ каде меѓу остантото се наведува дека Манчестер не е единственит клуб кој се интересира за младиот голман.

Лацио веќе пробува да ја задржи својата идна звезда, судејќи по тоа што ова лето на голманот веќе му беше понуден нов договор.

Иако Манчестер не го потврди интересот за Муслера, нема да биде чудно доколку тимот од Олд Трафорд да се одлучи за купување на овој млад уругвајски голман.

0 коментари: