вторник, 29 септември 2009

Видиќ: Поразот во Рим инспирација за подобра сезона:


Јунајтед утре на Олд Трафорд го пречекуваат шампионот на Германија, Волфзбург во обид да го задржат позитивниот старт во Групата Б.

Со победа Црвените Ѓаволи ќе направат голем чекор кон пласман во следната фаза и покрај тоа што ќе имаат одиграно само два натпревари.

Јунајтед играа две финалиња во низа но загубија во Рим минатата сезона и неуспехот сега ќе биде главен мотиватор за обезбедување учесто на дуелот на Сантијаго Бернабе.

“Многу е лошо чувството кога ќе се пласирате во финале и ќе го загубите и тоа е много лош спомен.” – рече Видиќ.

“Морате да признаете дека е подобро да бидете во финале и да го загубите отколку воопшто да не бидте таму.”

“Сите знаеме како се чувствувавме. Потребно е сега да се осигураме дека тоа нема да се случи.”

Ова лето од Олд Трафорд заминаа Тевез и Кристијано Роналдо и Видиќ вели дека само по крајот на сезоната тие ќе знаат дали успеале да го надминат отсуството на двајцата играчи.

“Роналдо и Тевез се квалитетни играчи, нема сомневање во тоа.”

“Но тешко е да се каже дали можеме да се справиме со нивното заминување. Веројатно ќе го знаеме тоа по крајот на сезоната.”

“Доколку не освоиме трофеи, луѓето ќе речат дека причината е заминувањето на Тевез и Роналдо, иако тоа не мора да значи.”

“Во моментов ни оди добро, го имавме најдобриот старт во четири години во кои јас сум тука.”

0 коментари: