Мајкл Овен верува дека со победничкиот погодок против Манчестер Сити ги доби симпатиите од фановите на Манчестер Јунајтед.
Да подсетиме дека со погодокот на Овен во 96-тата минута, Јунајтед успеа да го освои целиот плен во градското дерби против Манчестер Сити.
„Но јас цело време не се грижев за коментарите на другите, затоа што за мене е привилегија да играм во тим како Јунајтед. Доминиравме во мечот и иако примивме погодоци поради наши грешки, ја постигнавме нашата цел.“
„Сега посакувам од порано да бев тука, покрај многубројните фанови кој ја даваат подршката во текот не целиот меч. Многу е лесно да играш при ваков амбиент.“ - заврши Овен.
Овен пристина во Манчестер Јунајтед ова лето како слободен играч од Њукасл Јунајтед и ја носи легендарната 7-ка која ја носеле многу легенди како Бест, Робсон, Кантона, Бекам и Роналдо.
0 коментари:
Објави коментар