петок, 4 септември 2009

Фергусон ја поддржува суспензијата на Едуардо:


Хрватскиот интернационалец доби два натпревари казна откако на средбата со Селтик во плеј-офот од Лигата на Шампионите симулираше пенал, а судијата Мануел Гозалез покажа на белата точка.

Стратегот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон вели дека Европската куќа на фудбалот со суспензијата испратила силна дисциплинска порака бидејќи Лигата на Шампионите е натпреварување од висок профил.

“Морам да се сложам дека требаше нешто да се направи.” – рече Шкотот.

Фергусон кој беше дел од форумот на тренери во Нион, исто така се сложува со начинот на кои Венгер му дава поддршка на Едуардо.

“Се сложувам со Арсен, и јас би го поставил истото прашање ’дали ова ќе важи за сите?”

“Се однесуваме заштитнички кон нашите играчи и нашиот тим, сите сме себични на тој начин.”

“И јас ќе велев ’што е со остатокот од другите играчи?’ Сепак немаше да бидам задоволен доколку некој мој играч го стореше тоа.“

“Но немаше јавно да говорам за тоа. Бидејќи тогаш се ставате во опасност да го загубите моралот во соблекувалната.”

0 коментари: