петок, 18 септември 2009

Рио Фердинанд останува неизвесен за градското дерби:


Шкотот сигурно сака на дербито со Манчестер Сити на теренот да го испрати својот најдобар тим, а тоа многу ќе зависи од можноста на Рио Фердинанд на денешниот тренинг да го докаже својот фитнес.

Централниот дефанзивец го имаше својот прв настап во новата сезона минатиот викенд кога Црвените Ѓаволи славеа со 3-1 на гостувањето кај Тотенхем.

Но Рио на тренингот во понеделникот се пожалил на болки во препоните и не настапи на дуелот во вторникот против Бешикташ.

“Единствено нешто што ме загрижува е Рио.” – рече Сер Алекс Фергусон на прес-конференцијата во пресрет на дуелот со Сити.

“Тој го пропушти дуелот во вторникот и беше надвор од стројот и пред натпреварот со Спарс.”

“Со само еден натпревар по враќњето од повредата е доволно за да бидам загрижен – потребно е да игра на неколку натпревари за да го достигне максимумот.”

“Во понеделникот тој имаше мал тренинг но нешто не беше во ред.”

“Потребно е позитивно да го одработи денешниот тренинг доколку сака да настапи на дуелот во сабота.”

“Се надевам дека ќе биде дел од градското дерби бидејќи сакате сите важи големи играчи да бидат на располагање.”

0 коментари: