петок, 25 септември 2009

Овен Харгривс се враќа за еден месец:


Харгривс оваа недела се врати во Манчестер Јунајтед и физиотерапефтите вршат проверки до каде е опоравувањето на играчот по операцијата на двете колена за да се отстрани повредата која ја стави под знак прашалник кариерата на играчот.

Добра вест е тоа што играчот по пауза од повеќе од една година конечно е пред враќање на терените.

Сепак Ферги нема да избрзува со Харгривс и физиотерапефтот со кој играчто соработуваше во САД пристигна во тренинг кампот на Јунајтед.

“Харгривс се врати, и се надеваме дека момчето ќе продолжи со прогресот без додатни проблеми.” – рече Фергусон.

“Тој е надвор од терените долго време, но има жилавост да ги надмине сите проблеми. Ќе му бидат потребни околу четири недели да се врати во ритам на тренинзите и до точката каде што ќе можеме да сметаме на неговите услуги и на натпреварите.”

“Физиотерапефтот со кој работеше во САД пристигна во Англија. Ќе остане околу една недела за да помогне околу промената на работата со нашите физиотерапефти.”

“Тие дискутираат во која фаза од опоравувањето се наоѓа Овен.”

0 коментари: