недела, 27 септември 2009

Стоук Сити 0 - 2 Манчестер Јунајтед:

Тони Пулис го славеше 150 натпревар како тренер на Стоук притоа гостуваше Манчестер Јунајтед на стадионот Британија.
http://www.bacd.biz/_memberimage.php?path=staffordshire-stoke.jpg&size=274
После губењето на три поени во последните две пресметки во Премиер Лигата во последните секунди од натпреварите Тони Пулис сакаше да ги насочи своите играчи кон вториот натпревар со клуб од големата четворка на домашен терен т.е. Манчестер Јунајтед.

Како што и се очекуваше одбраната на Манчестер Јунајтед беше на тежок тест но Црвените Ѓаволи доминираа со поседот на топката и Рајан Гигс креаторот во победата на Манчестер Јунајтед со две асистенции и со головите во второто полувреме на Бербатов и Ошеа, Ѓаволите се израмнија со Челзи на првото место на табелата.

Антонио Валенсија требаше да го донесе тимот на Манчестер Јунајтед во водство само по седум минути игра кога се најде очи во очи со голманот Соренсен, но Валенсија не ја искористи шансата.

За целиот среден ред и напачите Димитар Бербатов и Вејн Руни беше тежок патот да се пронајде патот до мрежата.Јунајтед исто така имаше две златни шанси за погодок првата по корнерот изведен од страна на Нани кога Руни за малце ќе постигнеше гол и шансата на Нани со удар од далечина но Соренсен го одбрани.

Играчите на Стоук беа среќни што резултатот на полувремето сеуште беше изденачен но беше само прашање на време кога Манчестер Јунајтед ќе поведе.

Нани како и вообичаено беше многу мотивиран во првото полувреме но во второто полувреме темпото на играта се намали и го забележа Сер Алекс Фергусон тоа со што изврши замена односно Рајан Гигс на местото на Луиш Нани.Во шесетата минута Гигс одигра со Флечер кој му возврати прекрасен пас и Гигс му асистираше на Бербатов за водство од еден нула на Манчестер Јунајтед.
The image “http://www.pic.mk/images/berbahadth.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.

Се засилија нападите на Стоук со измената на Тони Пулис односно ги внесе во игра Џејмс Бити и Тунчај Санли во нaпадот.

Кога Стоук очекуваше да израмни Јунајтед изнуди слободен удар од левата страна на игралиштето од околу 25 метри.Гигс го изведе слободниот удар и нафрли во шеснаесетникот и топката го погоди Ошеа кој погоди за конечни 0-2.
The image “http://www.pic.mk/images/osheascore.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.

Моја анализа:
Манчестер Јунајтед добро игра на последните натпревари и реди само победи а има и добра игра посебно Гигс, Флечер и Руни се истакнуваат како креатори на победите на Манчестер Јунајтед. Да се надеваме дека оваа серија ќе продолжи и в среда против Волфзбург во рамките од второто коло од Лигата на Шампионите на домашен терен.Поздрав!;)

Извор 1!

Извор 2!


0 коментари: