понеделник, 14 септември 2009

Феноменален рекорд за Рајан Гигс:

Капитенот на Манчестер Јунајтед во вчерашниот натпревар за црвените ѓаволи против Тотенхем, Рајан Гикс продолжи со феноменалниот рекорд на постигнување на погодоци во голот на Карло Кудичини во 25. минута од натпреварот.

Image

Велскиот ветеран погоди од слободен удар за 1-1 во многу важната победа на ѓаволите од 3-1 во Северен Лондон. Тој негов гол означува дека 35 годишниот играч за врска на Манчестер е единствениот играч во историјата на Премиер Лигата кој постигнал барем по еден гол во секоја сезона, откако поранешната Прва дивизија на Англија се трансформираше во Премиер Лига на 20 Февруари 1992 година.

„Навистина сум горд на тоа што сум постигнувал погодоци во секоја сезона од почетокот на Премиер Лигата, се надевам дека тоа не се. Сега не постигнувам толку многу погодоци но се трудам сите погодоци да се важни. Овој против Тотенхем беше токму таков“
, изјави Гигс за своето постигнување.

0 коментари: