вторник, 29 септември 2009

Преглед: Манчестер Јунајтед - Волфзбург:

Утре се сретнуваат два големи шампиона во второто коло од Лигата на Шампионите Манчестер Јунајтед и Волфзбург однсно шампионот на Англија и шампионот на Германија.Мечот ќе се одигра во 20:45 на стадионот Олд Трафорд.
https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEhVmP8ccesowNF_W0PYOggLg8j-4piUjOOuRQ3-PygNh_ukjkQuwrja3reSkWjpuTBIaauislQDwle8J9HsTvqSqqbE6imEQuB6Sfee_kJ3nt5iyu8VXj64nO5j0E7Qc0aI13123Dxf9TtA/s400/oldtrafford+stadium.jpg
Се очекува голем спектакл утре на Олд Трафорд помеѓу Јунајтед и Волфзбург.Двата тима забележија победи на првите натпревари од Лигата на Шампионите против Бешикташ однсоно ЦСКА Москва.

Манчестер Јунајтед имаше потешка задача во првото коло на тешкото, пеколно гостување во Турција против Бешикташ.Но сепак избраниците на Сер Алекс Фергусон издвојуваа победа со 1-0.

Волфзбург имаше полесна задача на домашен терен ја пречекаа ЦСКА Москва и ја победија со 3-1 со трите гола на Графите.

Манчестер Јунајтед се наметнуваат како фаворити на овој натпреавр поради сегашната форма со 7 победи во низа во сите конкуренции.

Последни 5 натпревари:

Манчестер Јунајтед:

Сеп. 26: Стоук Сити 0 - 2 Манчестер Јунајтед
Сеп. 22: Манчестер Јунајтед 0 - 1 Вулверхемптон
Сеп. 20: Манчестер Јунајтед 4 - 3 Манчестер Сити
Сеп. 15: Бешикташ 0 - 1 Манчестер Јунајтед
Сеп. 12: Тотенхем 1 -3 Манчестер Јунајтед

Волфзбург:

Сеп. 26: Волфзбург 4 - 2 хановер
Сеп. 23: Келн 3 - 2 Волфзбург
Сеп. 18: Шалке 1 - 2 Волфзбург
Сеп. 15: Волфзбург 3 - 1 ЦСКА Москва
Сеп.12: Волфзбург 2 - 3 Леверкузен

Тимски новости:

Манчестер Јунајтед:
Фергусон се соочува со мали проблеми откако Парк Џи Сунг и Мајкл Овен го пропуштија последниот тренинг на тимот.

Можен прв состав: Фостер, Ошеа, Фердинанд, Видич, Евра, Валенсија, Флечер, Андерсон, Гигс, Бербатов и Руни.

Волфзбург:
Играчот од средниот ред Жозуе има повреда на коленото која ја заработи минатиот викенд против Хановер.

Можен прв состав: Беналио, Ритер, Мадлунг, Барзагли, Шафер, Жозуе, Гентнер, Мисимович, Џеко и Графите.


Поважни играчи:

Манчестер Јунајтед - Димитар Бербатов:

Дуото кое прикажа добра игра против Вулверхемптон притисокот расте врз Бербатов и довербата треба да му е зголемена по голот кој гo постигна со Стоук.

Волфзбург - Графите:
На играчот му е зголемена самодовербата откако постигна хет трика минатото коло во Лигата на Шампионите против ЦСКА Москва.

Извор 1!

Извор 2!

0 коментари: