четврток, 24 септември 2009

Јунајтед слaвеше со играч помалку:

Оваа недела нема Лига на Шампиони ни Европа Лига, па средината на неделата на Островот е резервирана за почетното коло во Лига купот.

Image

Бранителот на купот, Манчестер Јунајтед го пречека на својот Олд Трафорд тимот на Вулверхемптон. Сер Алекс излезе на теренот со играчи кој воглавно ја греат клупата и играат за вториот тим на „црвените ѓаволи“.

Во нападот стартуваше и човекот на одлука во градското дерби, Мајкл Овен, а во средината господаруваа Нани и Керик со помош на младите Гибсон и Велбек. И баш последноспоменатото „момче“ беше човекот на одлука постигнувајќи го единствениот погодок на мечот во 67-та минута за продолжување на сонот за одбрана на трофејот.

Да напоменеме дека Јунајтед беше со играч помалку од 29-тата минута, кога Фабио доби директен црвен.

Моја анализа:
Супер изиграа Велбек и Овен како добар тандем се покажаа.Оправдана одлуката на судијата да му даде црвен картон на Фабио(кој немаше друга опција освен да направи црвен картон или Манчестер да прими гол).Браун спаси неколку опасни топки а исто така и Кушчак се што беше наречено удар кон гол се одбрани и добро се покажа.Главно добро изиграа младите своето деби го имаше и седумнаесетгодишниот Кинг кој имаше добри шасни за гол не не ги искористи.Само штета што мораше да искочи толку рано од игра Македа поради црвениот картон.Поздрав!

0 коментари: