вторник, 22 септември 2009

Гери Невил пред суспензија:

Десниот бек на Манчестер Јунајтед, Гери Невил иако не одигра ниту минута во градското дерби со Сити му се заканува суспензија од еден натпревар.

Имено Невил по голот на Мајкл Овен во 96.минута за победа на "црвените ѓаволи" истрчал педесетина метри покрај аут линијата до корнер знаменцето и трибината каде се наоѓале навивачите на Сити и славел пред нив наводно упатувајќи им навреди. Неговото однесување тренерот на "граѓаните" Марк Хјуз го окарактеризира како лудачко.

Невил истото го направи и по победата над Ливерпул во 2006 година, по што беше парично казнет со 5.000 фунти.

По жалбата на Сити, англискиот фудбалски сојуз (ФА) освен инцидентот со Белами ќе поведе истрага и за однесувањето на Невил, а ако биде прогласен за виновен му следи парична казна и можна суспензија.

0 коментари: