недела, 20 септември 2009

Видиќ: Роналдо не се пресели во најдобриот клуб, тој го напушти најдобриот:


Дефанзивецот вели дека на Олд Трафорд веќе никој не зборува со Кристијано Роналдо, кој ова лето го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во Реал Мадрид во светски рекореден трансфер вреден 94 милиони евра.

Видиќ исто така додава дека Роналдо го напушил најдобриот клуб во светот наместо да се пресели во него.

“Никој повеќе не зборува за него.” – рече Видиќ.

“Сите знаеме дека Роналдо не се пресели во најдобриот клуб во светот, тој го напушти најдобриот клуб во светот.”

Околу амбициите во новата сезона, Србинот рече: “Нема да бидам среќен доколку не триумфираме во Премиер Лигата и Лигата на Шампионите.”

“Само еден трофеј нема да не направи среќни и тоа покажува колку голем клуб сме.”

Видиќ исто така проговори и за неговиот соиграч Вејн Руни: “Тој го сака Јунајтед а и клубот го сака него.”

“Односот што тој го има со фановите е како брак и тој нема да го прекрши. Малкумина играчи во светот имаат способности како оние на Вејн, а уште помалку работат напорно на теренот како него.”

“Во еден момент гледате како тој постигнува прекрасен погодок а веќе во следниот тој помага на одбраната.”

“Сигурен сум дека тој ќе биде во Јунајтед до крајот на кариерата – ниту една сума на пари не можат да го отргнат.”

0 коментари: