четврток, 3 септември 2009

Фергусон очекува големи постигнувања од летните засилувања:

Gabriel Obertan

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон ијави дека очекува голем напредок и големи постигнувања од секое ново засилување.

Менаџерот на Црвените Ѓаволи имаше тивко транфер лето но ги изгуби Карлос Тевез и Кристијано Роналдо.

Мајкл Овен пристигна како слободен агент од сега веќе второлигашот Њукасл и Јунајтед исто така го доведе крилото од Виган Луис Антонио Валенсија.

Другите засилувања на Фергусон, Габриел Обертан, Адем Љаљиќ и Маме Бирам Диуф се засега непознати имиња во Европскиот Фудбал но Ферги верува дека тие ќе блеснат на теренот.

Ферги изјави за Inside United Magazine,"Габриел сега е повреден но би требало да се врати за еден месец или отприлика околу 6 недели."

"Тој е многу брз, и може да игра на двете крилни позиции или како плејмејкер."

"На 16 години тој беше еден од најголемите малди таленти во Европа и тој ни кажа дека цела година ипол играл со повреда но никој не забележал."

"Ние очекуваме големи посттигнувања од него."

"Диуф и Љаљиќ моментално се на позајмица во Молде односно Партизан. "

"Диуф ќе остане на позајмица до Јануари додека направиме одлука дали да остане цела сезона или да извадиме работна дозвола за него."

"Диуф е моќно момче, брз како пекол. добар во воздушни дуели и има само 21 година и добро напредува во Молде затоа немаме потреба од грижа."

"Адем Љаљиќ е друг играч кој е на позајмица, во Партизан од Белград и ќе ни се придружи во Јануари.Тој напредува многу добро.Тој беше ѕвездата на турнирот во Србија за играчи до 19 години ова лето."

Извор 1!

Извор 2!

0 коментари: