четврток, 24 септември 2009

Ван дер Сар: Во декември ќе одлучам за мојата иднина:


Холанѓанецот веќе неколку години наназад најавува дека е блиску до пензионирање но секогаш се предомислува и го продолжува договорот со Црвените Ѓаволи.

Следниот месец Ван дер Сар ќе полни 39 години и вели дека се наоѓа во сериозна дилема кога е во прашање својата иднина.

“Неколку години наназад велам дека ова ќе биде мојата последна сезона.” – рече Ван дер Сар.

“Шест месеци пред да истече мојот договор со Манчестер Јунајтед во декември 2006, јас го продолжив за уште една година и истото се повторува секој пат кога ќе треба да се реши мојата иднина.”

“Секоја сезона сакам да видам на што стојам, дали сите се среќни и дали сеуште можам да бидам мотивиран.”

“Но знам дека, поради тоа што сум стар, многу е веројатно дека ова ќе биде мојата последна сезона.”

“Можно е да се пензионирам но можно е и да продолжам.”

Ван дер Сар додаде: “Во декември ќе имам јасна слика за мојата иднина. До тогаш ќе бидам во страшна дилема.”

0 коментари: