четврток, 24 септември 2009

Фергусон сака средба со тимот на неговиот син:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон има само една желба кога е во прашање ждрепката за осмина финалето во Карлинг Купот.

Image


Искусниот долговечен шкотски менаџер на клупата на „Црвените Ѓаволи“ посакува среда против Питерброу, клубот од втората англиска лига (Чемпионшип), кој го води неговиот 37-годишен син Дарен.

„Би сакал Питерброу да ни биде наредниот противник, но на домашен терен! Целата фамилија Фергусон би била среќна со таквото сценарио.“ - изјави Сер Алекс, кој натпреварувањето во Карлинг Купот го користи како прилика за тестирање на младите играчи, кои ретко ги гледаме во посилните натпреварувања во акција.

Синот Дарен во неговите фудбалски денови Алекс Фергусон го доведе и во Манчестер Јунајтед, и никогаш не оствари голема кариера. Но, се чини дека од татко му го наследил тренерскиот дар. Во првите две сезони на менаџерската клупа на Питерброу, тимот го одведе од четвртата до втората англиска лига.

0 коментари: