понеделник, 14 септември 2009

Фергусон: Сакам повторно да играм против Барселона во финале:


Фергусон знае каде погрешил неговиот тим во минатото финале од Лигата на Шампионите кога Јунајтед загуби од Барса.

Менаџерот на Црвените Ѓаволи посакува повторно да се сретне со Барселона во надеж дека овој пат исходот ќе биде поинаков.

"Би сакал да добиеме шанса да ја повториме ситуацијата со Барса. Апсолутно. Би сакал уште едно финале со нив" - изјави Фергусон за Daily Star.

"Го гледате поразот и гледате на причините и оправдувањата. Но секогаш е подобро да се гледа на причините".

"Сега ни е јасно каде сме погрешиле и тоа секогаш помага. Имаше причини за поразот кои можеме да ги поправиме".

"Не би навлегувал во причините за поразот, но земав DVD со мене на одмор и го гледав натпреварот уште еднаш".

"Разгледавме се детално со мојот стручен штаб. Буквално се. Дали хотелот во кој бевме сместени бил вистинскиот, дали тренингот бил добар? Значи сега ни е сосема јасно каде сме погрешиле".

"Сакам да ги разгледувам ваквите натпревари, тоа не ми е проблем. Можеме да го поправиме тоа што сме го погрешиле против Барса".

"Доволно долго сум во фудбалот и знам дека не можеме да ги победиме сите натпревари".

"Понекогаш едноставно треба да прифатите дека има лоши денови. Разочарувачки е кога се губи. Не сакате да губите во еворпските финалиња, ова ми е прво кое сум го загубил, и е навистина разочарувачки за секој".

Утре Манчестер Јунајтед ја започнува новата сезона од Лигата на Шампионите, Црвените Ѓаволи му гостуваат на Бешикташ.

"Има многу восхит таму, многу фанатизам. Го очекуваме тоа. Стадионот таму се полни во 12 часот попладне. Неверојатна е вревата која ја прават, но едноставно мораме да се справиме со тоа".

"Лигата на Шампионите е приоритет. Тоа е голем турнир со најдобрите играчи и клубови. Затоа секогаш имаме два предизвици, Премиер лигата и Лигата на Шампионите" - заврши Фергусон.

0 коментари: