понеделник, 7 септември 2009

Алекс Фергусон посакува Вејн Руни да игра како централен напаѓач:


Напаѓачот на Манчестер Јунајтед има одличен старт на новата сезона и до сега постигна четири погодоци - тој е изедначен со Џермејн Дефо на врвот на листата на стрелци во Премиер Лигата.

Заминувањето на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид ова лето го остави Јунајтед со прашањето како најдобро да се заменат погодоците на Португалецот.

Фергусон веруваше дека Руни е човекот за таа работа а напаѓачот со задоволство ја превзеде одговорноста.

За Inside Unaited магазинот, Шкотот рече: “Момчето во себе има голем глад. Тој има многу енергија и понекогаш посакува да ја употреби целата; ќе се врати во средниот ред или пак на левата крилна позиција.”

“Но тој е млад, и младите луѓе често знаат да го направат тоа – сакаат да ја потрошат целата енергија на теренот.”

“Но доколку тој се концентрира како на дуелот со Виган и поминува повеќе време во централниот дел од нападот отколку на левата крилна позицији тогаш тој ќе постигнува погодоци. Воопшто не се сомневам во тоа.”

Руни редовно ги тресе противничките мрежи откако се пресели во Јунајтед во 2004, но Фергусон сеуште не е убеден дека напаѓачот може да го стигне рекордот на Сер Боби Чарлтон од 249 погодоци.

“Ќе биде многу тешко.” – додаде Фергусон. “Рекордот на Сер Боби е 249 погодоци па во овој дел од кариерата на Руни можам да кажам дека тој ќе треба да игра многу добро за да постигне приближно еднаков успех.”

0 коментари: