среда, 9 септември 2009

Невил се надева дека повредите се минато:


Гери Невил се мачи со повреди во изминатите неколку години, сепак тој не се откажува и смета дека уште има што да му понуди на Јунајтед.

"Јас само се надевам дека ќе бидам фит колку што можам подолго и ќе играм натпревари за клубот".

"Правам се што можам и медицинскиот тим ми помага".

И покрај тоа што Фергусон ги има Вес Браун, Џон О'Шеј, Рафаел и Фабио кои сите можат да играа на позицијата десен бек, Невил се надева дека сеуште има што да му понуди на клубот.

"Менаџерот немаше да ме има тука доколку тој сметаше дека немам што да понудам на клубот".

"Ќе можам да допринесам уште многу кога ќе бидам подготвен".

"Во изминатите две години повредата беше голем проблем за мене".

"Тоа е нешто што го загрижува секој фудбалер. Тоа е фрустрирачки".

"Но не е нешто на кое размислувам секој ден. Едноставно треба да се справам со тоа" - заврши Фергусон.

0 коментари: