понеделник, 7 септември 2009

Родителите на младиот Погба од Јунајтед добиле куќа и 200 000 евра:


Жан Пиер Лувел, претседателот на поранешниот клуб на Погба, Ле Авр ваквите изјави ги даде за Француски фудбалски магазин. Ле Авр минатата недела најави дека ќе покренат жалба до ФИФА откако Ленс го доби случајот за својот фудбалр Гаел Какута а Челзи доби казна за забрана на регистрација на нови фудбалери до 2011.
Запрашан како тимовите од Премиер Лигата успеваат да дојдат до големите таленти од нивната земја, Лувел рече: “Тие ги ставаат во искушение родителите. Во случајот на Пол Погба беше многу едноставно:100 000 евра за неговиот татко, 100 000 евра за неговата мајка и една куќа.”
“Во моментов не можам да видам зошто случајот на Пол Погба не треба да биде правно разрешен.”
“ФИФА не дозволува договорите да бидат подолги од три години за играчи кои немаат 18 години. Ние го почитуваме тоа во Франција; но во Англија очигледно тие не се придржуваат до правилото.”
“Проблемото е тука – клубовите од Франција почитуваат одредени правила додека пак клубовите од Англија не почитуваат ништо. Во случајот на Погба имаше легален договор според кој тој не тренаше да замине и тоа треба да се почитува од другите клубови.”
Ле Авр велат дека Погба веќе потпишал ’accord de non solicitation’ договор, со кој играчот практично се сложува да потпише професионален договор во иднина.
Сепак Јунајтед верува дека ваквиот договор не е легално обврзувачки. Тие се убедени дека играчот немал договор и тие не можеле да го принудат да го раскине.

0 коментари: