недела, 20 септември 2009

Видео: Манчестер Јунајтед 4 - 3 Манчестер Сити

Мајкл Овен се истакна како херој за Манчестер Јунајтед во локалното дерби против градскиот ривал Манчестер Сити.The image “http://www.pic.mk/images/owenscores.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.

На денешното дерби пред преполниот Олд Трафорд бевме сведоци на прекрасен натпревар исполнет со многу погодоци, на крајот целиот плен го однесоа домаќините со 4-3.

Најмногу драматика видовме во судиското продолжение кога Манчестер Сити преку Белами успеа да го израмни резултатот на 3-3 за во 96. минута Мајкл Овен да му ги донесе трите поени на Манчестер по прекрасното проигрување од Рајан Гигс.

Пред тоа, Сити два пати се враќаше по негатива од еден погодок. Најпрво Герет Бери израмни по првиот погодок на Вејн Руни кој го постигна во втората минута од Натпреварот. А во второто полуврме Белами и Флечер постигнаа уште по еден погодок за своите тимови а кон крајот на натпреварот во 80. минута Флечер повторно донесе предност за домаќините.

Во првото дерби за Манчестер се покажа дека сепак Јунајтед е подобриот тим од шампионскиот град во Англија, останува да го почекаме реваншот да видиме како граѓаните ќе се однесуваат пред своите фанови.

Манчестер Јунајтед - Манчестер Сити 4-3

2. минута Руни 1-0

16. минута Бери 1-1

49. минута Флечер 2-1

52. минута Белами 2-2

80. минута Флечер 3-2

90. минута Белами 3-3

96. минута Овен 4-3

Моја анализа:

Во последните три утакмици Манчестер Јунајтед прикажа супер игра од која фановите треба да бидат задоволни.Манчестер Сити имаа среќа што го имаа Гивен на голот иначе ќе беше најмалце 6 - 3.Но за нивна среќа Бен Фостер не беше расположен денеска и прими два гола на негови грешки.Нп земено севкупно Манчестер Јунајтед го има својот џокер Мајк Овен!Можеби многу ќе речат дека на среќа победил Јунајтед но кој ја гледал цела утакмица не може да го рече тоа.Супер играат Флечер и Руни сезонава Флечер заедно со Андерсон предводници на средниот ред а Руни во нападот со 6/6.Ова беше уште еден доказ дека во Англија се игра фудбал до 90 минута.Поздрав!:DGlory,glory Man United!














0 коментари: