сабота, 12 септември 2009

Ле Авр останува на ставот дека Јунајтед нелегално го ангажирал Погба:


Клубот од Франција го обвини Јунајтед за нелегален ангажман на неговиот голем тален, Пол Погба и најавија жалба до ФИФА.

Официјални лица на Ле Авр изјавија дека Црвените Ѓаволи за да го убедат Погба да го напушти својот матичен клуб на родителите на играчот им дале по 100 000 евра и им купиле куќа.

Јунајтед го негираше сето тоа и најави дека ќе го тужат Ле Авр доколку клубот продолжи со лажните обвинениа.

Сепак претседателот Жан Пиер Лувал воопшто не е исплашен од шампионот на Англија и продолжува да ја бара правдата.

“Ова е ’киднапирање“ на млад играч.” – рече Лувал за L’Equipe. “Играчот беше под договор со нас и имаше ставено потпис на ‘acord de non-sollicition’ (договор според кој се сложува дека во иднина ќе стави потпис на професионален договор).”

“Нашите адвокати ќе го достават случајот до ФИФА, ако е потребно ќе одиме и пред Судот за Спортска Арбитража.”

“Погба требаше да потпише договор со нас но тоа не се случи бидејќи неговите родители не го посакуваа тоа.”

“Денеска тој не е лиценциран како играч на Манчестер бидејќи ФФФ ги нема испратено сертификатите.”

“Големите клубови не можат да се однесуваат така. Играчот е загубен но очекуваме казната да не заштити во иднина.”

0 коментари: