вторник, 29 септември 2009

Мартинс загрижен од опасноста која ја носи Овен:


Двајцата напаѓачи го напуштија Њукасл ова лето, Овен се пресели во Јунајтед во слободен трансфер а Мартинс реши да се пресели во шампионот на Германија, Волфзбург.

Двете екипи утре ќе се сретнат на Олд Трафорд во рамките на второто коло од ЛШ, а и двата тима имаа победнички старт во фазата по групи.

Овен најверојатно ќе го започне натпреварот од клупата за резерви и Мартинс е желен да се осигура дека напаѓачот на Црвените Ѓаволи нема да доби шанса за погодок доколку настапи на утрешниот дуел.

“Овен е опасен фудбалер – може да постигне погодок од било која позиција во шеснаесетникот.” – рече Мартинс за The Sun.

“За мене тој сеуште е одличен фудбалер и се надевам дека тој нема да биде во форма кога ќе се сретнеме во Лигата на Шампионите.”

0 коментари: