петок, 25 септември 2009

Фергусон сеуште има доверба во Фостер, голманот ќе биде стартер против Стоук:


Се навестуваше дека е можно Томас Кушчак да го има првиот старт во Премиер Лигата откако ја сочува мрежата незатресена при победата над Волвс во Карлинг Купот.

Сепак Феругусон му даде јавна поддршка на Бен Фостер, откако тој имаше катастрофален ден на градското дерби со Сити и голманот утре повторно ќе биде стартер на дуелот со Стоук.

“Беше добра можност за Томас да игра во среда но Бен ќе биде на голот на утрешниот натпревар.” – рече Фергусон на денешната прес-конференција.

“Бен нема големо искуство но ќе биде ОК.”

Во меѓувреме, Ферги потврди дека првиот избор за голманската позиција, Едвин ван дер Сар ќе биде отсутен уште три недели.

“Сеуште чувствуваме дека ќе му бидат потребни три недели за опоравување.” – додаде Ферги пред да потврди дека ниту еден играч не заработил некоја нова повреда на последните два натпревари.

Сер Алекс исто така имаше пофални зборови за работата на Тони Палис во Стоук и очекува гостувањето на Британиа Стадионот да биде незгодно.

“Стоук има одличен скор на домашен терен, и не сум изненаден од начинот на кој тие ја започнаа сезоната.”

“Тие се клуб во подем и ќе бидат тежок противник оваа сезона.”

0 коментари: