недела, 27 септември 2009

Бербатов го величи Рајан Гигс:

The image “http://www.pic.mk/images/giggsscore.jpg” cannot be displayed, because it contains errors.

Димитар Бербатов го величи "олдтајмерот" Рајан Гигс, кој влезе од клупата за резерви и асистираше два пати во победата на Црвените Ѓаволи од 2-0 против Стоук.

Гигс го проигра Бербатов во победата од 2-0 после пасот на Дарен Флечер и исто така велшанецот асистираше од слободен удар при голот на Ошеа.

"Начинот на игра се промени отакако Гигс влезе во игра," - изјави Бербатов

"Можеме сите да приметиме со годините што ги има Гигс како игра за Јунајтед и колку влијае на теренот.Тој донесе правилни одлуки тоа не донесе до трите бода."

"Откако тој влезе во игра Стоук беше декласиран."

Голот на Бербатов беше втор во сезоната за него но тој вели дека не му значи ништо неговото постигнување доколку тимот не победува.

"Најважната работа е тимот да победи, а не јас да постигнам гол," - додаде Бербатов

"И 1-0 да победиме не ми е важно кој постигнал гол па и голманот. Сакам само да продолжуваме да победуваме и да бидеме на врвот на табелата."

Извор!

0 коментари: