сабота, 12 септември 2009

Сер Алекс ја отфрла можноста Руни да биде капитен на Јунајтед:


Ферги верува дека е многу тешко напаѓач да биде капитен на тимот иако претходно капитенската лента ја носеше Ерик Кантона.

Шкотот вели дека тогаш се решил на еден таков чекор поради големото влијание на Кантона врз младите фудбалери и индицира дека во иднина капитен ќе биде играч од средниот ред или дефанзивец.

“Многу е тешко за еден напаѓач да биде капитен.” – The Sun го цитира Фергусон.

“Ерик Кантона беше капитен бидејќи имаше големо влијание врз младите фудбалери, тој беше идол за нив.”

“Нормално за капитенската лента треба да побарате играч од средниот ред или пак дефанзивата.”

“Вејн секогаш ќе превземе одговорност, тој има природна желба за тоа и секогаш ќе дава 100% за тимот.”

“Играчите кога ќе стигнат во својата 25 година играат со авторитет и во нивната игра има голема смиреност.”


0 коментари: