петок, 4 септември 2009

ФИФА продолжува со казните: Јунајтед е следниот тим?

Откако што Меѓународната фудбалска федерација го казне Челзи со едногодишна забрана за доведување на нови играчи, слична судбина би можела да го снајде и тимот на Манчестер Јунајтед.

Image

Лондонскиот клуб беше казнет поради убедувањето на младиот француски фудбалер Гаел Какута (18) да го раскине договорот со Ленс и да замине на Островот. Сега на мета се наоѓа и Манчестер Јунајтед, а станува збор за уште еден млад француски фудбалер.

Според информациите на „Дејли Мејл“, ФИФА го истражува англискиот шампион поради тужбата на францускиот прволигаш Ле Авр во која стои дека Пол Погба бил купен на сличен начин како и Какута.

Јунајтед тврди дека Погба не бил под договор со Ле Авр во јануари кога го потпишал договорот, но французите не се сложуваат со тоа поради што и се жалат кај судскиот орган на ФИФА.

Веруваме дека ќе победиме во овој случај бидејќи тоа не е само наш, туку и интерес на целиот спорт. Трошиме пет милиони евра годишно на нашата академија за млади фудбалери. Тоа е голема инвестиција, но тие пари ги вложуваме за на играчите да им дадеме шанса да се развиваат во нашиот тим, а не во другите.“

Која е смислата на вложувањето во академијата ако нашите играчи заминуваат на возраст од само 16 години, и потоа се развиваат во други тимови.“ - прашува директорот на Ле Авр Алан Белсоер.

Јунајтед ги одби сите обвинувања, па преку својот портпарол кратко порача: „Тоа е потполна невистина. Се што правиме е во согласност со правилата на ФИФА.“

0 коментари: