Менаџерот на Манчсетер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон не го криеше своето задоволство по победата на домашен терен над градскиот ривал Сити со 4-3 во 6. коло од англиското првенство.
„Можевме да ги понижиме денекса. Им подаривме три погодоци. Можевме да победиме со 6-0 или 7-0 но тоа е што е. На крај победивме во едно од најдобрите дербиа за Манчестер, во натпревар полн со возбудувања и неизвесности“, изјави Алекс Фергусон по натпреварот па потоа додаде дека неговите играчи го „стишиле бучниот сосед“.
„Некогаш ви се случило ли да имате бучни соседи и да не можете да направите ништо за тоа бидејќи тие секогаш ќе бидат бучни. Морате да продолжите со својот живот и да го попуштете телевизорот. Денеска моите играчи докажаа дека се подобри на теренот“, додаде шкотскиот стучњак.
0 коментари:
Објави коментар