четврток, 10 септември 2009

Сер Алекс Фергусон ги отфрла обвинувањата во врска со трансферот на Пол Погба:



Фергусон нагласи дека Јунајтед не платиле на родителите на Погба за да тој направи трансфер на Олд Трафорд и додаде дека би било лудо да се направи тоа.

Менаџерот на Црвените Ѓаволи говореше само неколку дена по обвинувањата за случајот на францускиот тинејџер Пол Погба.

"Имаше многу дезинформации и шпекулации но јас можам да потврдам дека Манчестер Јунајтед нема исплатено парични средства на родителите и се е според правилата на ФИФА. " - изјави Ферги

Челзи заработи забрана за потпипување договори со нови играчи за два транфер периода после истрагата и поднесената жалба од страна на фудбалскиот клуб Ленс поради нелегалниот транфер на Гаел Калкута.Сега за слична работа беше обвинуван и Манчестер Јунајтед од Ле Авр но Ферги го негираше и изјави дека тие никогаш не направиле нелегален трансфер.

"Никогаш не сме учествувале во таква ситуација, и не плаќаме на родители.Тоа би било лудо дури и да се помисли и изгледа чудно и нелегално да се плаќа на родителот на играчот."

"Обвинувањата беа од францускиот претседател на Ле Авр и сега ќе мора да ги повлече таквите обвинувања против нас."

"Секогаш ќе се наоѓаме во вакви ситуации затоа што сме најпопуларниот и најголемиот клуб но тоа ќе се прави без наше знаење од медиумите."

"Можеби други клубови се вмешани во вакви непријатни ситуации но ние не сме меќу нив."

Извор!

0 коментари: