вторник, 22 септември 2009

Евра му е благодарен на Господ што игра во Премиер лигата и Јунајтед:


Евра е импресиониран од натпреварот против Сити и начинот на кој Јунајтед го совлада градскиот ривал.

"Понекогаш потребно е да правиме грешки за да имаме вакви натпревари како овој" - изјави Евра.

"Навистина мислам дека натпреварот можевме да го завршиме порано, но откако постигнавме гол почнавме да грешиме".

"Мислам дека за фановите, за сите, за нас ова беше неверојатен ден. Да се постигне гол во последната секунда, е едноставно фантастично".

"Фудбалерите од клупата влегоа во теренот, фановите, атмосферата, токму затоа му благодарам на Господ што играм во Премиер лигата и за Јунајтед. Денот како овој е едноставно неверојатен" - вели Патрис Евра.

0 коментари: