петок, 11 септември 2009

Харгривс се враќа во ноември:


Се очекува набрзо Харгривс да се врати на терените по проблемите со колената на кои мораше да прави операција.

Тој е дел од составот на Јунајтед за Лигата на Шампионите и предвидувањата се дека Харгривс би можел да настапи на последните три натпревари, против ЦСКА на Олд Трафорд на 3ти ноембри, со Бешикташ на 25ти, и со Волзбург на 8ми декември.

"Имавме потешкотии што да правиме со Харгривс дали да го ставиме во 25те" - изјави Сер Алекс Фергусон.

"Требаше да одбереме помеѓу Харгривс, Зоран Тошиќ и Ричи де Лает. Тоа беше дилемата".

"Но се одлучивме за Харгривс откако од медицинскиот тим ни рекоа дека тој би можел да игра на последните три натпревари од Лигата на Шампионите".

"Тој е фудбалер кој може да игра на повеќе позиции на теренот".

"Тој може да биде многу значаен фудбалер за нас во тој период од сезоната".

"Разочарување е ова за Зоран но не можеме ништо да направиме околу тоа. Има и други кои се изоставени" - заврши Ферги.

0 коментари: