понеделник, 7 септември 2009

Манчестер Јунајтед се насочува кон голманот на ЦСКА Москва Игор Акинфеев!

http://www.whoateallthepies.tv/EMP-5957462.jpg

Манчестер Јунајтед се насочува кон рускиот голман на ЦСКА Москва Игор Акинфеев.Шампионите од Премиер Лигата се спремаат за живот без Ван Дер Сар, кој е спремен да се пензионира на крајот на сезоната.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон не е убеден дека резервниот голман Бен Фостер може да биде долгорочна замена за Едвин Ван Дер Сар.Голманот на ЦСКА Москва 23 годишниот Акинфеев е една од опциите за следното лето кога Фергусон ќе се соочи со конкуренција од другите големи европски клубови тврди Daily Mail.

Фостер беше стартер на сите натпреаври за Манчестер Јунајтед оваа сезона поради повредата на Ван Дер Сар кој не се очекува да се врати пред Октомври поради скршеницата на коската на левата рака и прстот.Интернационалецот на Англија Бен Фостер го засени поранешниот втор голман на Манчестер Јунајтед Томас Кушчак кој има неизвесна иднина во клубот.

Извор!

0 коментари: