вторник, 8 септември 2009

Фердинанд го предупредува Сити: Парите не гарантираат успех:


Марк Хјуз ова лето потроши повеќе од 100 милиони фунти во обид да изгради тим кој ќе треба да го направи Сити за краток временски период шампионски тим во Англија и Европа.

Сепак Фердинанд испрати предупредување дека успехот можеби нема да пристигне толку брзо колку што Сити посакува, и му порача на градскиот ривал дека во Манчестер има место за една доминантна сила.

“Овој град не е доволно голем за два големи клуба.” – рече Фердинанд.

“Сити има лојални фанови кои плачат за успех. Тие го немаа тоа, но можеби сега мислат деја нивното време доаѓа со сите тие пари кои ги вложија.”

“Но понекогаш парите не купуваат успех. Можно е финансиите да донесат успех, како во ситуацијата на Челзи, но тие започнаа со финиш на четвртото, петото и третот место во лигата.”

“Сити стартува од друга позиција, и времето ќе покаже колку успешни ќе бидат тие. Доколку освојат нешто оваа сезона, тогаш им посакувам многу среќа – но се надевам дека ние ќе бидеме тие што ќе ги освојат големите трофеи.”

0 коментари: