понеделник, 21 септември 2009

Евра: Тешко беше да се гледа Тевез во друг дрес:

Одбранбениот играч на Манчестер Јунајтед, Патрик Евра признава дека му беше жал за поранешниот играч на Јунајтед откако напаѓачот на Сити имаше тешко враќање на Олд Трафорд вчера.

Image

„Тоа беше малку тешко бидејќи Карлос е голем пријател“ изјави Евра. „Му се јавив пред натпреварот и му реков: Не ме интересира, откога ќе дојдеш на Олд Трафорд за време на натпреварот ние не сме пријатели“.

Сепак Евра признава дека надвор од теренот Тевез е еден од најдобрите негови пријатели и дека му било многу тешко да ги гледа нападите на навивачите кон него само поради фактот дека ги смени клубските бои, од црвениот дрес на Манчестер тој се префрли во синиот на Сити.

И покрај лошиот прием од навивачите, Тевез размени топли прегратки со неколку негови поранешни соиграчи и ја поздрави домашната подршка на полувремето.

0 коментари: