среда, 30 септември 2009

Фергусон: Руни може да биде на нивото на Меси и Роналдо:

http://11reds.com/wp-content/uploads/Red%20Devil/2009/07/wayne-rooney.jpg
Руни, кој ќе наполни 24 години следниот месец има одличен старт на сезоната и успеа да му помогне на својот тим да ја пополни празнината настаната со заминувањето на Кристијано Роналдо.

Работејќи блиску со англискиот интернационалец скоро пола декада, Сер Алекс Фергусон знае за што е способен Руни.

“Во ниту еден случај тој не не разочарал.” – рече Фергусон. “Кога го ангажиравме како младо момче го мислевме истото што и денес го мислиме за него: дека тој ќе стане навистина топ фудбалер.”

“Има одлични играчи како Кака, Роналдо и Лео Меси – тие се тројцата најдобри фудбалери во светот, и мислам дека Рини лесно може да дојде до тоа ниво, со правиот прогрес.”

“Без сомнение тој оди во тој правец. Тој е благословен со одредени ’состојки’ што само одличните фудбалери ги имаат. Голема одлучност и глад за победа на секој натпревар.”

0 коментари: