понеделник, 14 септември 2009

Парк Џи Сунг доби нов договор од Манчестер Јунајтед:


“Парк и Манчестер Јунајтед постигнаат согласност за нов тригодишен договор. Договорот ќе истече на 30 јуни 2012. Но не можеме да ја соопштиме неговата нова плата.” – соопшти агенцијата која го застапува Парк, ЈС Лимитед на пресконференција.

Некои извештаи на медиумите говорат дека 28 годишниот крилен фудбалер ќе заработува околу 3,6 милиони фунти годишно.

Парк, кој се пресели на Олд Трафорд во 2005 од редовите на ПСВ Ајнхофенд за 4 милиони фунти, стана првиот играч од Азија што учествувал во финале од Лигата на Шампионите.

Играчот исто така беше од голема важност за креирањето на огромна армија фанови на Јунајтед во Јужна Кореа и Азија.

Во дресот на Црвените Ѓаволи до сега Парк Џи Сунг има 126 настапи и 12 постигнати погодоци.

0 коментари: