петок, 4 септември 2009

ФИФА нема добиено жалба за трансферот на Погба во Јунајтед:


Клубот од Франција, Ле Авр најави дека ќе побара од ФИФА да го истражи трансферот на нивниот тинејџер во Манчестер Јунајтед.

Се стравува дека Црвените Ѓаволи можат да ја доживеат истата судбина како и Челзи, кој доби забрана за регистрација на нови фудбалери до 2011, доколку се докаже употреба на нелегални работи за ангажман на Погба.

Но ФИФА денеска негираше дека тие имаат добиено жалба од Ле Авар.

Потпаролот на ФИФА рече: “До моментов немаме добиено жалба од Ле Авар околку заминувањето на нивниот играч.”

Јунајтед уште вчера беа изненадени од можноста ФИФА да поведе истрага бидејќи тие го имаат комплетирано трансферот легално.

Потпаролот на клубот рече: “Ова се големи глупости. Се што сторивме е направено според прописите на УЕФА.”

Сепак директорот на Ле Авр, Ален Белсуер вили дека тие имаат документи со кои се докажува дека Јунајтед нудел награди за Прогба да се пресели на Олд Трафорд, и најави дека ќе ги достави до ФИФА.

“Ние сеуште го градиме нашиот случај. Ова е многу сериозен случај. Убедени сме дека ќе го добиеме бидејќи ова е во најдобар интерес за спортот.”

0 коментари: