петок, 18 септември 2009

Јунајтед може да го доведе Муслера во Јануари:

Image
Манчестер Јунајтед може да го доведе голманот на Лацио, Фернандо Муслера, уште во зимскиот преоден рок.

Младиот Уругваец зема по 5.000 фунти неделно во дресот на Лацио, а Јунајтед може да му понуди многу повеќе од тоа. Но претседателот на Лацио, Лотито, прави се само да го задржи младиот голман на Олимпико.

Откако се покажа како клучен играч со своите одбрани во победите на Лацио во Купот на Италија и Супер Купот на Италија, Муслера стана атрактивен за Сер Алекс Фергусон.

Голманот на Јунајтед, Едвин Ван Дер Сар, веќе има 40 години, а Сер Алекс Фергусон сака да обезбеди адекватна замена за голманската позиција. Покрај Муслера, на радарот на Јунајтед се и Игор Акинфеев од ЦСКА Москва, Мануел Нојер од Шалке 04 и Рене Адлер од Баер Леверкузен.

0 коментари: