недела, 13 септември 2009

Ферги се спрема за јануарскиот преоден рок:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон се подготвува за сериозен удар во зимскиот трансфер период, Шкотланѓанецот има намера да ги привлече двајцата најактуелни фудбалери, бразилскиот напаѓач на Севиља, Луис Фабиано и халфот на Валенсија, Давид Силва.

Image

Манчестер Јунајтед веќе се обиде да го донеси Давид Силва минатото лето но од Валенсија го одбија трансферот со образложение дека ѕвездата не е на продажба. Според „Вести од светот“ доколку трансферот се оствари во текот на зимата кога ѓаволите ќе предложат 25 милиони фунти за играчот со сигурност шпанскиот репрезентативец ќе премине на Олд Трафорд.

Според „The People“ Луис Фабиано ќе стане играч на Манчестер за сума од 20 милиони фунти. Како што е познато, бразилскиот репрезентативец беше близу до трансфер во Милан во текот на ова лето но зделката не се реализира а според италијанските медии и Јувентус исто така имал апетити кон голгетерот.

0 коментари: