среда, 16 септември 2009

Ферги застана во одбрана на реакцијата на Руни по замената на напаѓачот:


Руни беше заменете по еден час игра против Бешикташ откако играше осамен во нападот.

Со оглед на тоа дека напаѓачот работеше напорно на двата репрезентативни настапи со Англија како и на дуелот против Тотенхем, 23 годишниот можеби требаше да биде среќен што доби одмор, практично поради градското дерби на Олд Трафорд овој викенд.

Меѓутоа, Руни беше бесен што се пресели на клупата за резерви и во целата нервоза ги фрли копачките на земја, а потоа имаше и мала дискусија со дел од фановите кои беа над клупата за резерви на Јунајтед.

Луѓето од обезбедувањето веднаш реагираа и спречија да насанат поголеми проблеми.

“Не го видов тоа но тука секогаш има насилни фанови. Секогаш било така.“ – рече Фергусон.

“Секогаш размислував да го повлечам од игра Руни.” – рече Фергусон. “Тој играше како осамен напаѓач еден час, па затоа планот беше да го заменам.”

“Тој никогаш не е задоволен кога треба да го напушти теренот. Тој има многу енергија и сака да игра постојано.”

“Но јас секогаш планирав да направам измена и да го внесам во игра Димитар Бербатов и Овен бидејќи на Мајкл му се потребни минути.”

0 коментари: