недела, 6 септември 2009

Гигс: Сакам кариерата да ја завршам на највисоко ниво:


Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс веќе има 36 години и знае дека ги игра последните години од својата кариера.

Гигс нема намера да игра во 40тите години од својот живот, сака да се пензионира како фудбалер на Манчестер Јунајтед а не да се пресели во помали клубови и со сила да ја продолжува кариерата.

Велшкиот фудбалер сака да остане во фудбалот и по активното играње.

"Фудбалот е мој живот, но јас нема да играм на 40 години и ќе побарам друг предизвик во овој спорт" - изјави Гигс за Sunday Mirror.

"Кога моето тело ќе ми каже дека не можам да играм на највисоко ниво повеќе јас ќе знам дека тоа ќе биде време за пензија".

"Сакам да ја завршам кариерата на високо ниво. Немам намера да играм во помали лиги како би ја рушел мојата кариера".

"Ги поминав тренерските тестови и би сакал да останам во овој спорт".

"Знам дека имам бројни можности за да останам во фудбалот, можам да бидам тренер, во медиумите или да работам со помали категории" - изјави Рајан Гигс.

0 коментари: