понеделник, 28 септември 2009

Ферги го посакува Жулио Цесар како замена за Ван дер Сар:


Манчестер Јунајтед е во потрага на нов чувар на мрежата бидејќи постои голема веројатнос ветеренот Едвин ван дер Сар да се пензионира по крајот на оваа сезона.

Холанѓанецот веќе неколку сезони наназад вели дека ќе игра само ’уште една година’ и најави дека во декември ќе проговори за неговата иднина но Ферги не остава ништо на случајот и веќе работи на пронаоѓање на соодветна замена.

Се чинеше дека Фостер ќе може да биде замената на Ван дер Сар, но Англичанецот не покажува константно добри перформанси за шампионска екипа како што е Манчестер Јунајтед па затоа Сер Алекс ќе се обиде да ангажира голман од светска класа.

Црвените Ѓаволи се поврзуваа со неколку голмани а последното име на листата желби е Жулио Цесар од Интер.

Бразилецот пристигна како анонимус во Милано но во дресот на Нероаѕурите се промовираше во еден од најдобрите чувари на мрежата во светот.

Според Sunday People Манчестер Јунајтед е подготвен да одвои околу 20 милиони фунти за да го доведе Жулио Цесар на Олд Трафорд.

0 коментари: