вторник, 8 септември 2009

Гил и Перез добија улоги во Европската Асоцијација на Клубови:


ЕАК стана гласноговорник на водечките клубови од Европа по распаѓањето на групата Г 14.

Извршниот директор на Јунајтед, Дејвид Гил, и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез вчера беа изгласани како нови членови на извршниот борд пред првиот човек на ЦСКА Москва Евгени Гинер.

“Очигледно е дека сум многу задоволен поради изборот.” – рече Гил.

“ЕАК има многу важна улога во односите со УЕФА и други тела на Европскиот и светскиот фудбал.”

“Ние сме луѓето кои ги водат клубовите и ги разбираат проблемите. Сите страни треба да работат заедно за да дојдат со сет на правила и регулативи кои се прифатливи за сите.”

Перез додаде: “Многу сум среќен што можам да работам за клубовите внатре во големото Европско фудбалско семејство.”

ЕАК содржи 144 клубови од 53 Европски земји кои успешно се натпреваруваат во Лигата на Шампионите или пак УЕФА Купот, кој сега е ребрендиран во Лига Европа.

0 коментари: